17 Мај, 2024
0.1198

„Техникал Текстајлс“ ги презентираше плановите за инвестирање во Македонија

Објавено во: Економија 15 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Од 500-600 луѓе ќе се вработат во фабриката на германската компанија „Техникал Текстајлс’, што ќе почне да се гради во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Фабриката ќе произведува изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Инвестицијата е вредна 12 милиони евра, а производството се планира да почне во мај следната година. Фабриката ќе биде со површина од 9.000 метри квадратни. Вработените, по изборот, ќе бидат испратени на обука во Словачка, а доколку фабриката работи добро нивниот број ќе се зголеми над 1.000, најави сопственикот Џенс Ванланд. „Сакаме што поскоро да почнеме со производство. Гледаме голема иднина во Македонија, особено од аспект на економијата. Ова е многу добро место за инвестирање. Ако стартуваме добро, ќе повлечеме и други вложувачи тука, наши партнери“, нагласи Ванланд.

За инвестирање во Македонија, рече Ванланд, се одлучиле поради исклучителните даночни поволности. Најпрво сакале да вложат во Абу Даби, но се откажале заради сложените бирократски процедури.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-инустриски развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо очекува дека до 2016 година извозот само од оваа компанија ќе биде над 250 милиони евра на годишно ниво.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА