29 Април, 2024
0.0272

ТЕЦ „Осломеј“ ќе увезува јаглен заради поевтина струја

Објавено во: Економија 26 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во Термоелектраната „Осломеј“ најверојатно ќе се гради котел на висококалоричен јаглен што ќе се увезува, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на пратеничко прашање, и додаде дека при изградбата ќе бидат имплементирани сите стандарди од аспект на екологијата.

- Во меѓувреме „Осломеј“ за да го намали притисокот на цената на електрична енергија во ЕЛЕМ , односно да ги намали загубите од 12 до 16 милиони евра на годишно ниво, ќе работи одреден период во годината кога ќе има најголема потреба за електрична енергија и притоа ќе се внимава на сите еколошки стандарди, односно електростатските филтри кои се инсталирани да бидат во функција, рече Анѓушев.

Станува збор, како што појасни, за краткорочно работење во наредниот период, а долгорочната стратегија мора да биде со градење нов котел со сите еколошки стандарди.

Анѓушев посочи дека според сите анализи што се направени од Работната група, како и според мислењата на домашните и странските експерти состојбата  да се направи реконструкција на постојниот котел нема да даде надеж на работата и затоа најверојатно ќе се изгради нов котел што ќе ги задоволува највисоките стандарди.

- Во регионот на Кичево повеќе нема доволно јаглен за експлоатација, односно местата каде што има јаглен за експлоатација се појавива под куќи и имоти коишто не можат да бидат уништени за да може да продолжи да работи копот, рече Анѓушев.

Населението во Кичево и Кичевско, како што додаде, треба да биде мирно, бидејќи нема да биде нарушена нивната приватност на имотот,  а од друга страна нема да биде нарушена животната средина во однос  на загадувањето.

Термоелектраната „Осломеј“, како што истакна Анѓушев, во претходните години не работеше воопшто, а оваа година работеше многу малку трудејќи се да ја намали загубата која ја прати. 


Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто