Талат Џафери денес сепак нема да биде избран за спикер
Објавено во: Македонија 20 Август, 2020
Седница за избор на Талат Џафери за собраниски спикер ќе има кога ќе бидат доставени потребните потписи од пратеници за поддршка на предлогот за претседател на Собранието.
Продолжението на конститутивната седница на која тебаше да се реизбере претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Џафери нема да се одржи денеска.
Некои од пратениците велат дека тоа ќе се случи најверојатно утре. Од Кабинетот на претседателот на Собранието повторуваат дека официјално продолжение на седницата немало закажано, а за тоа дали ќе биде закажана утре ќе зависи од тоа дали ќе бидат доставен предлог потпишан од најмалку дваесет пратениците за избор на прв парламентарец.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети синоќа најави дека денес Џафери ќе биде избран за спикер.
Џафери ќе биде старо - нов претседател на Собранието.