Тајниот план на „Facebook“ да го убие „Google“
Објавено во: Мои пари 23 Април, 2015
„Facebook“ сака да го убие „Google“. Или во најмала рака да го прати далеку назад позади себе. Така смета Армандо Бионди, коосновач на компанијата „AdEspresso“ која нуди услуги за оптимизирање на рекламите на „Facebook“.
Во свој коментар за онлајн изданието „Venture Beat“ Бионди вели дека веќе си се забележуваат неколку микротенденции кои укажуваат каков е тајниот план на „Facebook“ за да го убие „Google“. Тоа е базирана анализата само на јавно достапни информации, иако како партнер на „Facebook“ располага и со внатрешните податоци.
Првата е лесна и видлива - голем фокус на мобилните телефони. Се повеќе луѓе почнуваат да го користат интернетот претежно од своите мобилни уреди. Всушност 91% од жителите на САД имаат пристап до таква функција во секој момент. Токму затоа „Facebook“ нуди повеќе услуги за мобилни уреди.
Вториот е промената во однесувањето на потрошувачите. За се поголем дел од нив социјалните мрежи стануваат главен извор на вести и информации. И тука главна улога играат мобилните уреди. За луѓето е полесно само да видат што има ново во протокот на публикации отколку да бараат преку своите мобилни уреди. „Google“ исто така е свесен за тоа и поради оваа причина компанијата вложува толку напори во подобрување на пребарувањето на интернет преку мобилен уред.
Третата е дека „Facebook“ реално заработува од своите напори во мобилниот сегмент. Компанијата најави дека веќе 73% на приходите од рекламирање се генерирани од мобилни уреди. „Google“ сеуште се потпира главно на приходите од т.н. десктоп сообраќај или компјутери и лаптопи.
Освен тоа „Facebook“ трупа стабилни позиции и во онлајн видеото. Корисниците на социјалната мрежа веќе прават над 4 милијарди на видеа дневно, со што ја претвораат во многу сериозен конкурент на „YouTube“.
Бионди ги наведува и неуспешните обиди на „Google“ да влезе во сферата на социјалните мрежи. Дури и „Google+“ не може да му конкурира „Facebook“ по популарност меѓу корисниците.
Освен тоа и двете компании се натпреваруваат кој ќе ја поврзе следната милијарда корисници со интернет. „Facebook“ влегува сè повеќе и во други бизниси на „Google“ како онлајн рекламирање и инструменти за помош на рекламни, мобилни плаќања и др.
Иако неодамна Марк Цукерберг негираше дека се натпреварува со „Google“ и најави дека компанијата се развива така, како што смета дека е правилно, Бионди е уверен дека „Facebook“ конечно навистина сака да го нападне интернет гигантот. Според него социјалната мрежа има сè што е потребно да се претвори во втората компанија во вредност од над 1 трилион долари по „Apple“, која е најблиску до остварување на овој рекорд.