29 Април, 2024
0.0236

Тајниот јазик на туристичките брошури!

Објавено во: Стил 03 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Подгответе се за најважниот јазичен курс за оваа сезона: тајниот јазик на брошурите за одмор! Кој ќе го научи материјалот, ретко ќе се најде во лоша ситуација. Го откриваме вистинското значење на најчесто користените фрази во брошурите. Еве информациите што треба да се имаат предвид пред да резервирате за одмор: Ако пишува во брошурата: „Новоотворениот хотел“ Што имаат во предвид: дека малтерот сеуште е влажен, а персоналот уште работи на тоа да проговори на заеднички јазик ... Ако во брошурата пишува: во хотелот е задржан дел од својата оригиналност и автентичност Што сакаат всушност да кажат: хотелот не е поправен, очекувајте распаѓање на делови од зградата Доколку пишува во брошурата: „Со поглед на мореШто всшност сакаат да кажат: Ова не значи дека собата е точно со поглед кон морето... Ако пишува во брошурата: „морски поглед“ Што агенциите мислат: дека не значи директен поглед од хотелската соба кон морето, туку дека се гледа како позадина на соседните хотели Доколу во брошурата пишува: "интернационала атмосфера" Тоа што го имаат во предвид: комуникацијата на англиски јазик е можна, но не и со целиот персонал... Ако пишува во брошурата: "диво и романтично место" Всушност сакаат да кажат: целосно изолирано, нема соодветен пат во близина, но целосно е достапно со ... хеликоптер, на пример. Доколку во брошурата пишува: „природна градина“ Што имаат во предвид: дека во собите исто така треба да бидете подготвени за гуштери, глувци и секакви инсекти ... Ако пишува во брошурата: "оживеано" Агенциите сакаат да кажат: дека градската бучава продира и во хотелската соба Доколку во брошурата пишува: „растечко одморалиште“ Што имаат во предвид агенциите: многу градилишта и неразвиената локална инфраструктура Ако во брошурата пишува: "добро развиена туристичка дестинација" Агенциите всушност мислат: ако сакате да се спрепнете од соседот на плажа и да гледате море од хотели, наместо самото море, ова е местото за вас.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти