ГП Богородица денес ќе им каже добредојде на новите табли со Република Северна Македонија
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Знамето на НАТО почна да се вее пред Владата додека согласно договорот од Преспа кој и официјално стапи на сила токму денес старите табли ќе се заменат со новите на кои ќе пишува Република Северна Македонија на три јазици.
Таблите на македонски, албански и англиски јазик Република Северна Македонија ќе ги пречекуваат оние кои влегуваат и излегуваат од граничниот премин Богородица а како што најавија службите од Царина тоа ќе се направи во 13 часот.
Земјава и формално го преименува името во Република Северна Македонија а со објавувањето во Службен весник ан сила стапија Преспанскиот договор за решавање на спорот околу името со Грција но и амандманите на македонскиот устав со кој е сменето името на државата, како и уставниот закон за нивно спроведување.