ТАА Е ХЕРОЈ ВО ИРАК: Побегнала на џихадистите, и со информација помогнала на војската
Објавено во: Свет 31 Декември, 2016
Жена од племето Јазиди, што припадниците на „Исламска држава“ го заробија пред околу 2 години, успеала да побегне откако ирачките сили навлегле во градот Мосул.
Таа им дала информации на ирачките сили со што им помогнала повторно да го преземат соседниот град Квид. Ова го соопшти денеска командирот на ирачката војска.
Жената раскажала дека од припадниците на ИД, заедно со другите заробеници, била преместувана од едно на друго место, се додека не успеала да побегне.
Таа е киднапирана во Сињар во 2014 година, додека стотина припадници на нејзиното племе се убиени, а 6.000 заробени. Дел побегнале, но се смета дека уште 3.500 се заробени.
Во моментов се одвиваат борби за преземање на Мосул, каде џихадистите имаат многу заробеници.