17 Јуни, 2024
0.0256

СЗО ги повика сите држави да наметнат данок на „шеќер“

Објавено во: Свет 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација (СЗО) повика сите земји во светот да разговараат за воведување на данок на безалкохолните пијалоци, пишува Гардијан.

Во организацијата сметаат дека данокот за „шеќер“ би бил ефективен начин за справување со дебелината, особено меѓу децата. Советот на СЗО доаѓа во позадина на информациите дека се повеќе и повеќе земји размислуваат за прифаќање на фискални мерки, за да се принудат луѓето да го намалат конзумирањето на големи количини безалкохолни пијалоци кои се определени како главната причина за прекумерната тежина и дебелината во светот.

Во извештај на Светската здравствена организација се вели дека данок од 20% или повисок ќе доведе до пад на продажба и потрошувачката на пијалоци со шеќер.

Организацијата исто така смета дека тоа ќе помогне за намалување на трошоците во здравството и ќе се зголемат приходите за инвестирање во оваа област.

СЗО нагласува дека данокот треба да покаже најголемо влијание врз младите, оние со ниски приходи и други кои консумираат многу безалкохолни пијалоци.

Како други фискални мерки се наведуваат: субвенционирање на свежо овошје и зеленчук со 10 - 30% и зголемување на данокот на храна со прекумерно многу сол, трансмасти и шеќер.


Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта