17 Мај, 2024
0.0363

СЗО: 56 милиони долари се потребни за справување со вирусот зика

Објавено во: Свет 17 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

За да се спречи ширењето на вирусот зика, потребни се 56 милиони долари. Ова се наведува во акциониот план за борба против вирусот, објавен на официјалниот сајт на Светската здравствена организација (СЗО).

Стратегијата е насочена кон мобилизирање и координирање на партнери и експерти, како и изнаоѓање на средства за следење на вирусот, посочуваат од СЗО.

Средства се потребни и за подобрување на контролата на ширењето на вирусот, заштитни мерки, студии за развој на вакцини, методи за дијагностицирање и лекување.

Генерално за спроведување на планот ќе бидат потребни 56 милиони долари. Од оваа сума 25 милиони ќе бидат искористени за финансирање на работата на организацијата и нејзините регионални ограноци, а 31 милиони ќе одат за клучните партнери на СЗО, кои ќе водат борба против вирусот.

За првпат зика вирусот е откриен во 1947 година во Уганда и до неодамна се сметаше за безопасен за луѓето. Тој предизвикува висока температура, конјунктивитис, главоболка и болки во мускулите и зглобовите, гадење и повраќање. Вакцина против вирусот не постои.

На крајот на ноември 2015 година, Министерството за здравство на Бразил предупреди дека вирусот влијае на бремените жени и предизвикува малформации кај бебињата кои се раѓаат со значително намален череп.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји