29 Април, 2024
0.0294

Светски познатиот ловец на лажни вести: Во Македонија се заработува од 50 до 100 евра дневно

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Мартен Схенк, светски познатиот ловец на лажни вести кој ја откри мрежата во Куманово, во разговор за МИА вели дека ваквиот тип на „претприемништво“ во Македонија може да доведе до заработка од 50 до 100 евра дневно и дека цели семејства - татковци, мајки, сестри, браќа помагаат за да се дојде до заработка.

Министерството за одбрана потврди дека креаторот на лажни вести од Куманово Слаѓан „Цаго“ Бојковски, е вработен како професионален војник во АРМ, но тој пред Белгиецот Схенк ги негирал наодите.

– Рече дека не е веќе во АРМ, дека од ова заработува пари на страна и дека имал вебсајт порано и дека ништо не знае за ова, негираше – вели истражувачот.

Схенк вели дека ја открил кумановската мрежа со помош на посебно креиран софтвер.

- Мојот колега од холандскиот сајт за проверка на факти забележа некои лажни вести како се спамираат на Твитер и доаѓаа од налози кои изгледаа како ботови, и ме замоли да ги проверам во мојот софтвер, Trendolizer. Кога ги видов му реков дека сум ги видел овие сајтови порано исто во тренд со лажни стории. И заедно работевме да откриеме колкава и чија е таа мрежа. Почнавме систематски да ги разгледуваме, секој вебсајт со истиот рекламен таг, датум на регистрација, и најдовме уште постари сајтови со рекламни кодови кои нѐ водеа уште подалеку и така се враќавме назад во времето. Некои статии се појавиле на повеќе од 23 сајтови – вели ловецот на лажни вести.

Почнал да користи алатка на Фејсбук што им се нуди на новинари за да се утврди кој прв објавил одреден линк во јавна група. Така ги пронашол Виктор Колевски и Слаѓан Бојковски, со мејл адреси и броеви на телефон.  Повеќето од нив биле меѓусебни пријатели на социјалните мрежи.

-Така што ги имаме тие имиња, имаме имиња од тие што ги ширеле на Фејсбук статиите. Па почнавме да ги бараме на Фејсбук и видовме дека доста од нив се пријатели. Некои беа јасно лажни профили, како Џони Смит, кој беше американски војник од Њу Џерси со пријатели само во Македонија. Забележавме дека најчесто се познаваат, дека семејството нивно исто учествува, објавува, споделува, дека станува збор за семејно-пријателски бизнис, има еден поранешен војник, поранешен полицаец, шофер на камиони. Не се само тинејџери што се забавуваат со ова, туку се возрасни луѓе со работа – посочува тој.



Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“