Добивај вести на Viber
Светската банка ја казни српската компанија „Energoprojekt niskogradnju“ со две и пол годишна забрана за добивање работни места под покровителство на СБ, а поради измама во Уганда.
Светската банка соопшти дека казната била договорена во разговор со Енергопроект, од каде признале дека имало нерегуларности во текот на работата на проекти за развој и изградба на патиштата во Уганда, а финансирани од Светска банка.
Забраната се однесува на проекти финансирани од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), пренесоа српските медиуми.
„ Случајот со „Energoprojekt niskogradnju" е уште еден пример за тоа зошто борбата против корупцијата е важна за Светска банка, но исто така и за компаниите кои се вклучени во развојните проекти. Чист бизнис е паметен бизнис. Ние ќе продолжиме да се стремиме да ја зголемиме помошта за развој на инфраструктурата“, изјави заменик претседателот Леонард Mекарти.
Светската банка во 2012 година изрече забрана на 83 компании и поединци, а вкупниот број на оние кои се на "црната листа" се искачи на 541.