01 Мај, 2024
0.0282

Сведочењето на Верушевски контра Лазаревски и Костовски: Еве што тврдеа „свиркачите“

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Која била улогата на Зоран Верушевски во вадењето на прислушкуваните разговори. Дали завршувале кај него или, како што самиот тврди популарните „бомби“ биле носени во СДСМ. Исказот на поранешниот разузнавач кој вчера сведочеше за случајот на СЈО Таргет- Тврдина во некои делови не коинцидира со сведочењата на свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски. 

Додека Верушевски тврди дека Лазаревски ја носел документацијата во СДСМ, Лазаревски во ноември лани рече дека со Костовски прво ваделе податоци за опозицијата, но дека откако дознале дека се прислушуваат и министри од Владатана Груевски почнале да прибавуваат и такви разговори. Рече дека вадењето почнало во 2010 година и дека за се ова му кажале на Зоран Верушевски, кој се вратил од дипломатска мисија во Рим.

„За една – две недели ние го разработивме системот за вадење. Првпат Ѕвонко екпортираше прислушувани разговори на крајот на 2010 година, исклучиво СМС пораки на двд. Сѐ беше праќано кај мене. Потоа му ги давав на Верушевски. Ги копирав на екстерен криптиран диск, го пополнував хронолошки како стигаше материјал и го чував кај мене три години.Тој диск Ѕвонко ми го даде во  ходниците на МВР. Го земав и го пикнав в џеб. Ако ме прашаше некој што имам, планирав да го пукнам, скршам. Но, во сите тие изнесувања, никој не ме праша”, рече Лазаревски во судот, минатата година.

А во март годинава сведочеше и Костовски. Рече дека заедно со разузнавачот Ѓорѓи Лазаревски од УБК изнеле помалку од пет отсто од вкупниот број на нелегално прислушуваните материјали. Овие материјали потоа му ги дале на Зоран Верушевски, кој пак ги предал на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

А вчера Верушевски впрочем на некаков начин го негираше ова.

„Ѓорѓи Лазаревски беше едно од лицата кои донесуваа документи до партијата. Тоа лице ги доставило материјалите пред моето враќање од Италија во Македонија и продолжи во 2014 година", рече Верушевски на рочиштето.

Тој вели дека првите материјали се донесени во 2010 година кога лидер на партијата бил Бранко Црвенковски, но дека наследникот Зоран Заев решил да ги објави пет години подоцна.

Верушевски сведочеше дела како надлежен за безбедносната политика во СДСМ ги анализирал. До апсењето во 2015 имал контрола на материјалите, но за потоа не гарантираше.

„Што се случувало после, што се случува денеска, не знам. Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода, рече Верушевски.

А Лазаревски во ноември рече дека во еден момент Верушевски побарал тие да таргетираат само два броја, на Мијалков и на Груевски.

„Тоа на шега го примивме. Сѐ што се маркира  останува како траен запис кај операторите. А ако ги маркиравме Мијалков и Груевски и ние ќе извршевме криминал”, рече тогаш Лазаревски.

Верушевски сега е советник на премиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид