19 Мај, 2024
0.0259

Суспендиран кинескиот гигант Алибаба

Објавено во: Свет 14 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Организацијата за борба против фалсификување на роба ја суспенцирала од членството компанијата Алибаба, јаваија светските медиуми.

Меѓународната коалиција за борба против фалсификување наведе дека донела таква одлука после дојавата на „некои компании дека кинескиот гигант во интернет продажбата е најголемо продажно место на фалсификувана роба на светот“.

Тоа меѓународно регулаторно тело им соопшти на членките дека пропуштило прилика да ја информира управата за конфликт на интереси во кои се наоѓа и претседателот на таа организација Роберт Баркјези.

Акциите на Алибаба паднаа повеќе од два одсто после оваа вест.

Луксузните светски брендови како Тифани и Гучи кои се членови на Групата претходно предупредуваа дека ќе ја напуштат доколку и Алибаба стане една од членките. Организацијата инаку има 250 брендови кои се членови, вклучувајќи го и Епл Циско, Шанел ... и оваа организација им била некој вид на заедничка акција против онлајн продавачите за кои познатите дизајнери тврдат дека е место на лажна стока.

Против Алибаба била поднесена и тужба поради наводно пуштање во продажба фалсификувана роба во САД и на други пазари. Се наведува дека компанијата не направила ништо за да ги спречи овие работи поради што и сама најава дека Алибаба би можела да биде една од членките на оваа угледна организација предизвикала бес кај брендовите.

Претходно агенцијата Асошиејтед прес пренесе дека Баркјез има акции во компанијата Алибаба, дека е близок со управата на таа компанија и дека им дозволил на членовите на семејствата да помагаат во работата на Коалицијата.

Агенцијата дошла до неколку докази кои ги поврзуваат Баркјез и Алибаба, помеѓу останатото дека поседуваат акции во компанијата од 2014 години, иако тврдел дека се работи за мал процент, како и дека го вработил синот кој претходно работел во Епл.

Алибаба инаку , секогаш инсистирала на тоа да има силни резултати во работата со други компании да спречи фалсификати.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто