02 Мај, 2024
0.0278

Судија-поротник заминува во Германија, се одложи пресудата за Еразмус

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Пресудата за случајот Еразмус во која е обвинет за земање мито за полагање испити поранешниот декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, неколкумина професори и демонстратор нема да биде соопштена на 3 февруари затоа што судија-поротник заминува да работи во Германија.

Судечкиот совет бил известен од поротникот дека за седум дена заминува да работи во Германија, па судењето ќе мора да почне од почеток. Ова го соопшти судијата Владимир Туфегџиќ пред почетокот на денешното рочиште на кое требаше да има завршни зборови. Бо моментов е испратено барање до претседателот на судот за назначување на нов судија поротник.

- Еден од членовите на судиите поротници го извеси претседателот дека најдоцна за седум дена нема да биде во Македонија во период до јули 2020 година бидејќи има работна виза во Р. Македонија каде треба да отпочне да работи. Ваквата состојба советот смета дека влијае врз постапката врз процесен карактер. Од тие причини, советот ќе се обрати до претседателот на Кривичниот суд за определување на нов судија поротник за да продолжи постапката, бидејќи советот цени оти во рок од 7 дена за кои е најавено заменување нема услови за давање на завршни зборови, а потоа е потребно и доволно време на судечкиот совет за анализа на доказите. Рокот од 7 дена е прекраток за постапување, имајќи го в предвид предметот, соопшти Туфегџиќ.

Наместо пресуда, судењето ќе почне од почеток, но со согласност на одбраната доказите само ќе се прочитаат и нема да бидат изведувани, па тогаш може да бидат дадени и завршните зборови.

Обвинителството за организиран криминал го отвори предметот „Еразмус“ е отворен во јуни 2016 година, а професорите Бобек Шуклев, Славе Ристески, Драган Јанев и Стојан Дебарлиев се сомничат дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање