17 Мај, 2024
0.0372

Субвенции за вработување во ТИРЗ-ови, за млади, жени, Роми и инвалиди, но не и за правична етничка застапеност

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

До сега не е познато субвенционирање од страна на државата на вработувања во приватниот сектор по етничка основа, а мотив да биде правичната застапеност, како што тоа го најавуваат одредени министри од владината коалиција, а може да се протолкува истото како најава и во владината програма. Години наназад државна помош се дава само за нововработени жени, млади до 29 години, Роми, лица со попреченост, како и засновувања на работен однос во индустриските зони.

Според она што како нови вработувања ги субвенционирала државата, може да се извлече дека се потрошени преку милијарда денари во 2019 преку Министерството за труд и социјална политика, односно преку Агенцијата за вработување, како и милиони евра директно од Владата и Дирекцијата на ТИРЗ до странските инвеститори.

Сите 480 милиони денари за самовработување во заедничкиот проект со УНДП се потрошени изминатата година. Финансиски биле подржани 1323 жени, млади до 29 години, Роми или лица со попреченост кои основале своја фирма, а за тоа добивале неповратни средства и до 300.000 денари.

По 19.000 денари за бруто-плата добивале фирми кои вработувале жени и млади до 20 години кои тешко се снаоѓале на пазарот на трудот. Биле постигнати 973 договори со претпријатија за вработување на 1.383 невработени, и заедно со невладините организации за тоа добиле 307 милиони денари.

Државата дава и грантови на мали, средни и големи претпријатија кои ќе вработат лица без работа, но ако гарантираат дека нема да го намалат бројот на работници.. Вака се вработени 621 Ром, жена или млад до 29 години. Грантот е 92.000 за лице постаро од 29 години, или 153.750 денари за помлад од таа возраст. За ова државата во текот на минатата гдоина исплатила 80,1 милиони денари.

Преку посебниот фонд како поддршка за вработување на лица со попреченост биле исплатени 150 милиони денари кај работодавачите низ текот на целата измината година.

Владата и Дирекцијата за трговско-индустриски развојни зони исто така даваат повеќе милиони евра годишно за готовински грант за креирање на нови реботни места кај странските инвеститори под посебни услови.

Дирекцијата на ТИРЗ за нови вработувања дала 2,72 милиони евра, а неколку милиони евра одобриле и вицепремиерите без ресот, Генералниот секретаријат и Секретаријатот за европски прашања на Владата.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија