17 Мај, 2024
0.0273

СТРУЈА Домашното производство се намалува ?

Објавено во: Економија 27 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Во Македонија лани биле потрошени вкупно 6.989.289.006 kWh електрична енергија. Тоа претставува намалување на вкупната потрошувачката од 3,19% во однос на 2012 година, кога биле потрошени вкупно 7.219.594.487 kwh електрична енергија. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, домашното производство лани задоволило 69,50% од вкупно потрошената струја, додека 30,50% биле увезени. Анализата на податоците од годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика покажува дека домашното производство на струја од државната комапниај Електрани на Македонија во континуитет се намалува. Односно, во АД ЕЛЕМ во 2013 година биле произведени 4,79% помалку струја во однос на претходната година, додека пак во 2012 во споредба со 2011 година биле произведени дури 15,49% помалку струја. Производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ ·         2013 година   5.113.007.231 Kwh ·         2012 година   5.370.050.371 Kwh ·         2011 година   6.050.249.708 Kwh ·         2010 година   6.476.469.597 Kwh ·         2009 година   5.886.197.820 Kwh ·         2008 година   5.615.354.090 Kwh ·         2007 година   5.621.292.222 Kwh ·         2006 година   6.295.842.269 Kwh При тоа, лани за 10 % е намалено производтвото на струја во ТЕЦ Битола во споредба со претходната година и за 66,32% е намалено кај ТЕЦ Осломеј. Минатата година, споредено со 2012 година има зголемување на производството на струја во хидроцентралите за 53,52%. Сепак, вкупниот инсталиран капацитет на мали хидроелектроцентрали во Република Македонија изнесува 45,8 MW, односно 2,34% од вкупниот инсталиран капацитет во Република Македонија. Податоцоте покажуваат и дека има пад на увозот на електрична енергија. Па така лани биле увезени 2.490.617.776 kwh, што споредено со 2012 година покажува пад од 9,15 %. Исто толку било намалувањето и во 2012 година споредено со претходната година. Инаку во Македонија има вкупно 682 281 потрошувачи на струја, а од нив 603 965 се домаќинства. Просечната цена на електрична енергија за задоволување на потребите на тарифните потрошувачи во Република Македонија (од увоз и од домашните нерегулирани производители на електрична енергија) во 2013 година изнесува 3,87 ден/kWh, односно 62,93 €/MWh и е пониска за 24,41%во однос на 2012 година. При тоа, зассега се уште останува дека домаѓинствата од први јануари 2015 година ќе мора да одлучат од кого ќе купуваат струја, бидејќи стартува либерализацијата на пазарот на електрична енергија и за оваа категорија потрошувачи. Квалитетно снабдување со струја Во дистрибитивната мрежа на ЕВН лани имали вкупно  9.802 прекини од кои 3.493 биле планирани, додека 5.184 биле неплнирани. Односно, вкупното времетраење на прекините во снабдувањето со струја изнесувале  901 570 минути, од кои планирани биле 227 753 минути, а  591 402 минути биле непланирани. Во преносната мрежа на МЕПСО имало вкупно 323 прекини од кои 180 биле планирани, а 143 биле непланирани прекини. Односно прекините биле во времетраење од 139 529 минути, од кои 130 355 минути биле планирани, додека  9.174 минути биле непланирани. „Вкупниот број на телефонски јавувања во Центарот за грижа на потрошувачи во 2013 година изнесува 426.832. Во врска со точноста на доставените фактури во 2013 година доставени се 24.529 приговори. Просечното време за одговарање на писмени приговори изнесува 8 дена. Просечниот број на самоотчитување на броила изнесува 27.830 самоотчитувања во 2013 година. Бројот на ревидирани фактури за потрошена електрична енергија во 2013 година изнесува 25.539 фактури. Бројот на исклучени потрошувачи поради неплатени фактури за потрошена електрична енергија во 2013 година изнесува 183.881 исклучувања, се наведува во извештајот на Регулаторнта комисија за енергетика. Н.С.    

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи