26 Април, 2024
0.0338

Стратешките инвеститори нема да смеат да загадуваат, ветува Бектеши

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

За стратешки инвестициски проекти ќе се сметаат проекти со кои се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на Република Северна Македонија, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село, образложи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, она што е важно е дека предложените стратешки инвестиции, кои на предлог на Владата ќе ги усвојува Собранието, мора да бидат усогласени со стандардите за животна средина утврдени во законите на земјата, и тоа за проекти за енергетиката со инфраструктурата, транспорт и телекомуникации, туризам, преработувачка индустрија, земјоделство, прехранбена индустрија, здравство..., како и за градење на големи мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти кои имаат во својот состав повеќе од една од наведените области.

Кој проект ќе биде стратешки инвестиционен проект ќе одлучи Комисија која треба да биде формирана десет дена по донесување на овој Закон. Комисијата ќе биде составена од 9 членови од Владата и министерствата и три привремени членови од министерствата во чија надлежност е проектот, од општината и од регулаторното тело. Владата до крајот на годината треба да објави јавен повик на кој сите заинтересирани инвеститори ќе можат да аплицираат со проекти кои согласно условите во јавниот повик ќе се сметаат за стратешки.

А Фактор веќе пишуваше кои услови ќе треба да ги исполнуваат стратешките инвеститори, но и каква документација ќе треба да достават.

Бектеши рече дека за спроведувањето на овој закон, како и постапка за стекнување на статус стратешки инвестиционен проект, од страна на сите страни, ќе се спроведува на фер, транспарентен и недискриминаторен начин, со активно учесто на стручната и поширока јавност.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?