17 Мај, 2024
0.0264

Странски туроператори ќе ја скенираат туристичката понуда на Македонија

Објавено во: Економија 31 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Дваесет странски медиуми и туроператори денеска од Албанија пристигнуваат во Македонија, како дел од нивната регионална турнеја за запознавање со туристичките потенцијали на Западен Балкан. Турата „Недела на авантури“ во Македонија ќе трае со 4 септември, до кога странските гости ќе се запознаваат со туристичката понуда на земјава. Меѓу нив се и претставници на реномираните National Geographic Traveler, Lonely Planet и Yahoo Travel. Целта на посетата е промоција на Македонија како дестинација за активен туризам пред највлијателните туроператори и медиуми од Северна Америка и Европа, со цел зголемување на бројот на странските туристи во земјата. Туроператорите ќе воспостават врски со бизнисите од секторот туризам во земјата за во иднина да можат да продаваат патувања до Македонија. Групата странски туроператори на граничниот премин Св. Наум вечерва ќе ја пречека директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски, од каде на велосипеди ќе се упатат кон манастирот Св. Наум.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА