StopKorona: Некстсенс ja изработи апликацијата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020
Усвоена е информација за апликацијата “StopKorona! - мобилна апликација за справување со КОВИД-19”.
Владата ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! - мобилна апликација справување со КОВИД-19”, и го овласти Министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу Друштво за информатичка технологија Некстсенс ДОО како Давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата.