08 Мај, 2024
0.0284

СТОПАНСКА КОМОРА: Брзиот, навремен и квалитетен проток на информации е клучен за компаниите во кризнава ситуација

Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во целиот изминат период, од почетокот на кризата поради коронавирусот па наваму, Стопанската комора на Македонија презеде екстензивни активности за да обезбеди квалитетен проток на информации и да ги информира компаниите за сите настанати промени во регулативата. Во Комората пристигнаа многу прашања, предлози и иницијативи на компаниите, кои Комората ги проследи до Владата и до надлежните институции и повратно ги информира компаниите за добиените одговори.

Во овој контекст, го поздравуваме почетокот на работа на контакт-центарот на Владата за економски прашања поврзани со кризата од коронавирусот. Очекуваме неговото функционирање да го забрза протокот на важни информации од институциите до бизнис секторот, при што Стопанската комора на Македонија како и досега ќе продолжи да им помага на компаниите. 

За добро и навремено информирање на компаниите е многу важно да нема временско несовпаѓање помеѓу најавата на која било мерка и објавата на соодветниот документ, уредба, објава во „Службен весник на РСМ“ и слично, со што таа мерка детално се објаснува. Тие две работи треба да одат рака под рака, да се случуваат истовремено. Како што се најавува некоја мерка така во ист момент да се објави и документ што ќе ги даде сите детали за таа мерка. Тогаш, и примената на мерките ќе оди многу полесно, бидејќи ќе се елиминира потребата од неизвесно толкување на мерките што биле најавени, тие ќе можат полесно да се разберат, компаниите ќе можат брзо и ефикасно да носат важни одлуки во постојните тешки услови на работење. 

Понатаму, со оглед на тоа што влегуваме во нова фаза на многу порестриктивни мерки, во Комората постојано пристигнуваат прашања, но и укажувања од бројни компании за тешкотиите за работење и производство во такви околности. За таа цел, потребно е да се обезбеди соодветна консултација на Владата со бизнис заедницата во поглед на оперативните аспекти на примената на рестриктивните мерки. Целта е да се избегнат компликации и последици врз функционирањето на економијата и производствените процеси коишто и покрај исклучително тешките околности се’ уште се одвиваат. За компаниите е многу важно во вакви услови да имаат поголема предвидливост, како во поглед на должината на периодот на најава на рестриктивните мерки, така и во поглед на нивното времетраење, заради што и мерките треба да се ставаат во една подолгорочна временска рамка. Само така компаниите ќе знаат што ги чека и ќе можат соодветно и навреме да се приспособат и да се организираат.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување