03 Мај, 2024
0.0259

Стопанска банка донираше детски велосипедски полигон за град Скопје

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Стопанска банка АД – Скопје во паркот Македонија 2, населба Козле, донираше за Град Скопје детски едукативен сообраќаен полигон со што ја затвори кампањата „Вози право, вози здраво“ и го одржа своето ветување за граѓаните на Скопје кои несебично се вклучија во проектот.

IMG_0515

Велосипедскиот полигон е безбедно катче на кое децата ќе можат да научат да возат точак, тротинет, ролерки, но и да ги научат сообраќајните правила преку поставената вертикална и хоризонтална сигнализација. Секако, за дополнителна забава, поставени се и играчки и клупи на кои децата ќе можат безгрижно да го поминуваат времето.

За изградбата на патеката, користени беа еколошки материјали и се посветуваше посебно внимание да се зачуваат садниците и уредените зелени површини. Дополнително, волонтери на Банката заедно со деца од соседните училишта и градинки на патеката и додадоа дополнителен белег – боја, цвеќиња и налепници, со што се надеваме ќе бидат подобро поврзани со патеката и ќе ја чувствуваат како своја а воедно и ќе се грижат за истата.

Ретка можност е ваков јавен простор да биде оплеменет и трансформиран во катче за рекреација, забава и секако едукација за најмладите. Ја поздравуваме укажаната доверба и поддршкаод Град Скопје сите овие месеци иво оваа прилика ни претставува задоволство да го предадеме велодромот во владение на Град Скопје и во употреба за сите граѓани. Горди сме на нашиот тим вработени кои во целост го осмислија настанот „Вози право, вози здраво“ успешно го организираа и на крај ја реализираа и оваа донација. Токму ваквата енергија, инспирација и посветеност, вградени во нашиот тимски дух и корпоративна култура придонесуваат кон успехот и растот на Стопанска банка и секако кон нови проекти и донации кои во иднина ќе ги споделиме со заедницата“, изјави во името на Стопанска банка АД – Скопје, Г-а Милица Чапаровска Јовановска, Генералниот директор за банкарство на мало.

IMG_0712

„Идејниот проект за урбаниот велосипедски полигон за деца, донација од Стопанска банка, е од едукативен карактер, односно има за цел децата да ги научат сообраќајните знаци и сообраќајните правила. Сакам да ја искористам оваа можност и да ги поканам сите претставници на бизнис секторот да се отворат за сите добри идеи за реализирање проекти коишто ќе придонесат за подобрување  на услови за живот во општините, изјави Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје на денешното свечено отворање.

Стопанска банка како надополнување за заинтересираните деца, ќе организира школа за велосипедизам, часови по сообраќајни правила и други интерактивни содржини со што патеката уште повеќе ќе добие на вредност.

IMG_0562

Изведувач на градежните работи беше компанијата Бортас а за надзорот надлежни беа Градежен Институт Македонија согласно дозволата од Град Скопје за поставување на урбана опрема бр. 137216/2 од 04.04.2016.Вредноста на градежните работи е проценета на 22.000евра и е целосно исплатена на ангажираните компании.

IMG_0687

Патеката се протега на површина од 600м2,  долга е 277м со гумен и дел од бехатон плочки. Ширината на патеката е 120цм со 2 тротоари за пешаци Поставени се 5 мини лежечки пречки, еден дрвен мост со 8% нагиб, поставен е кружен тек и две дополнителни крстосници, 26 интерактивни семафори и сообраќајни знаци а достапен е и 85м2 простор со играчки и пикник клупи/маси.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година