02 Мај, 2024
0.0272

Стопанска банка а.д Битола со силна поддршка за развојот на социјалното претприемништво во земјава

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Продолжуваат менторските средби помеѓу Добрите брендови и десетте невладини организации кои добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија во рамки на проектот Smart Start. Минатата недела се одржа првата средба помеѓу Добриот бренд Стопанска банка а.д Битола и социјалното претпријатие „Паблик“ кое го издава добро познатото уличносписание Лице в лице. На оваа средба се разменија првични информации за бизнис плановите на „Паблик“ како и сферите каде Стопанска банка а.д. Битола може да понуди помош и know how со цел нивно зацврстување на пазарот и етаблирање.

“Навистина сме среќни што сме ментори на Паблик. На располагање ќе ги ставиме сите наши оддели каде што ќе процениме дека Паблик ќе има корист од нив. Ова е една сосема поинаква општествено-одговорна активност на Стопанска банка а.д. Битола. Со ова не само што ќе помогнеме на социјалната економија, туку ќе помогнеме и на заедницата, пред сé во поглед на креирањето нови работни места и помош на ранливите категории. Паблик може да смета на стручна и искрена помош. Како банка располагаме со одлични вештини, знаења и искуство и сме убедени дека ова социјално претпријатије за многу скоро ќе биде еден од лидерите во социјалната економија и пример за останатите”, изјави Наташа Савова, директорка за маркетинг во Стопанска банка а.д. Битола.

Дополнително, Савова нагласи дека тимот на Стопанска банка а.д. Битола е подготвен да помогне и во делот на маркетинг и брендирање на производите кои „Паблик“ планира да ги пласира на пазарот во предновогодишниот период. Следната средба е закажана во текот на следниот месец, откако ќе банката ќе ги разгледа потребите за менторска поддршка на Паблик. Во својот бизнис план од „Паблик“ предвидуваат да ја прошират својата продажна понуда со сродни производи кои ќе го носат логото на Лице в лице како што се пенкала, бележници, маички, капи, подлошки за чаши и сл.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор