01 Мај, 2024
0.0265

Столиќ и Кираџиева победници на Поштенскиот маратон во Прилеп

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Саша Столиќ од Србија и Весна Кираџиева од Скопје се победници од машка и женска конкуренција на вториот Поштенски маратон, кој утрово се одржа во градот Прилеп. Зад Столиќ, кој истрча за време од 2:48:50, и Кираџиева со време од 3:20:47, второпласиран маратонец од машка конкуренција беше Александар Кираџиев 2:51:50, додека третопласиран Трпе Мартиноски со време од 3:16:39. Снежана Милошевиќ и Милјана Ристиќ беа второ и трето пласирани во женска конкуренција со време од 3:42:22, односно 3:47:33. 

Увертира за почетокот на годинешното, второ по ред издание на Поштенскиот маратон беше Детската трка на 1 км. На патеката оваа година се одвиваа четири трки во неколку дисциплини: маратон од 42,195 метри, полумаратон од 21,097 метри и рекреативна трка од 5км на кои учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи. 

Собраните средства од котизацијата ќе бидат донирани на фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што организаторите на маратонот и сите негови учесници се вклучија во хуманитарните активности по повод катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија. 

Само еден месец пред неговото одржување, Прв Поштенски Маратон стана член на најголемата асоцијација за маратони во светот “Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина” (AIMS- Association of International Marathons and Distance Races). Во оваа престижна организација членуваат 400 маратонски трки од повеќе од 120 земји и територии во светот. 

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор