19 Мај, 2024
0.0414

Стојанче Ангелов: Нема потреба да брзаме со ковид-центарот на приватните здравствени установи

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, на денешната прес-конференција рече дека нема потреба да се брза со отворањето на ковид-центарот на приватните здравствени установи, познат уште како старата „Систина“, кој треба да згрижи 100-тина пациенти.

Лидерот на Главниот кризен штаб, кој е формиран со прогласувањето на кризната состојба со која приватните болници беа задолжени да го отворатѕ ковид-центарот, рече дека се уште се решава техничкиот проблем со поставувањето на боцата за кислород во центарот порано познат акко „Мала Богородица“.

Ангелов дели дека ЦУК веднаш ќе ја издаде дозволата за негова работа, која како што вели тој претставува формалност, штом бидат завршени сите процедури на Министерството за здравство со ова јавно-приватно партнерство.

- Во моментов потребен е нацрт-договор од Министерството за здравство. лично министерот ги водеше преговорите, при тоа договорено е „Ремедика“, „Систина“ и „Жан Митрев“ заедно да ја оспособат „Богородица“. Целиот овој процес нормално е да го води Министерството за здравство. Откако ќе се утврдат деталите, од таму му предлагаат на Главниот штаб да ја формализира ваквата одлука. Кога претставникот од Министерството ќе не информира, ние ќе го прифатиме. Откако ќе го прифатиме овој нацрт-договор, ќе донесеме одлука за ангажман за приватните устаноиви. Потоа се склучуваат договорите за начинот на кој ќе бидат исплатени приватните установи. Ова се завршува за неколку часа, но во регуларните рокови имаме доволно време за целата процедура. Нема место за паника, болеста е под контрола, ја објасни процедурата Ангелов.

Инаку денеска Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош, на чија територија се наоѓа ковид-центарот, рече дека вчера по негова иницијатива имало средба со претставници на министерствата за здравство, за внатрешни работи, како и на тоа за транспорт и врски, а имало и претставници од одделението за експлозиви и оружје при МВР и од Технички гасови АД Скопје за надминување на проблемот со боцата за кислород.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична