27 Април, 2024
0.0289

СТИГНА ВТОРАТА ПРАТКА ОД СРПСКАТА ДОНАЦИЈА НА ВАКЦИНИТЕ: За Спутник V има драфт договор за набавка на 100.000 дози

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

На граничниот премин Табановце пристигна и втората пратка од донацијата на вакцините од компанијата Фајзер, од соседна Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче лично го пречека неговиот колега, Златибор Лончар, кој му ги предаде вакцините.

Министрите оттаму порачаа дека и покрај вакцинирањето на населението, се уште не треба да се опуштаат граѓаните бидејќи бројот на новозаразени расте. Министерот Лончар сподели и нивни искуства од процесот на вакцинацијата во Србија каде досега се вакцинирани повеќе од милион граѓани

-Ги следиме несаканите дејства, но тоа се вообичаените нус ефекти кои се јавуваат и кај другите вакцини. Обично станува збор за црвенило на местото на убодот, блага болка во таа рака, евентуално малку повишена температура, малаксаност, но немаме некои посериозни несакани дејства. Ние и понатаму ќе правиме анализи, тоа е и наша обврска, сега ни е најважно да набавиме што поеќе вакцини и да вакцинираме што повеќе луѓе. Инаку сите вакцини се поддекнаво безбедни, единствената разлика межу нив е тоа што некои создаваат побрзо антитела, некои малку подоцна, но според контролата на нашата Агенција за лекови сите се ефикасни и безбедни. Целта ни е да вакцинираме повеќе од 2 и пол милиони луѓе, досега вакциниравме повеќе од милион и ревакциниравме, но посебно би сакал да истакнам дека кога ќе се прими првата доза не смее да има опуштање. Нас ни се случува луѓето да ја примат првата доза и веднаш да ги фрлат маските. И секако имаме случаи кои се заразуваат веднаш по примањето на првата доза, порача српскиот министер за здравство, Лончар.

Инаку, денеска пристигнаа точно 3.510 дози, па со претходните 4 680, вкупната донација од Србија е 8.19о дози, за кои министерот Филипче истакна дека се доволно за да асе вакцинираат здравствените работници кои работат во ковид-центрите. Според утврдената динамика, дневно се вакцинираат меѓу 250 до 300 здравствени работници.

Тој  истовремено нагласи дека се уште се водат разговори за набавка на вакцините, но не кажа конкретен датум кога ќе пристигнат и оние од Факзер, како и вакцините од Кина, за кои имаат и писмена комуникација.

-Најавите од производителот АстраЗенека, преку Ковакс механизмот се дека на почетокот на март треба да пристигнат 20.000-30.000 вакцини на почетокот на март, а што се однесува пак до руските вакцини, како што најави премиерот Заев, станува збор за количина од 100.000 Спутник V, за што веќе го добивме и драфт договорот и за тоа денеска ќе има затворена седница на Владата на која што треба да го усвои драфт договорот, рече министерот Филипче.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел