КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски
Објавено во: Македонија 27 Април, 2024
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која во првиот изборен круг на претседателските избори освои мнозинство гласови, е родена на 11 мај 1955 година во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје, а дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1978 година. Тука и магистрирала. Докторирала на Правниот факултет во Љубљана во 1994 година.
Во 1989 година Давкова била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје, додека пак за доцент по уставно право и политички систем во 1994 година. Во 2004 била избрана за редовен професор. Во периодот од 1990 до 1992 година, била член на Уставната комисија на Собранието на Македонија.
Во владата на Бранко Црвенковски во периодот од 1992 до 1994 година била министер без ресор.
Била член и на Венецијанската конвенција, а е експерт за избори на ООН.
Ова е втор пат таа да се кандидира за претседател. На последните избори влезе во вториот круг заедно со актуелниот претседател Стево Пендаровски, каде и загуби.