13 Мај, 2024
0.0267

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: Зошто да ме погоди тоа што Бујар Османи не ме кани на ифтарска вечера?

Објавено во: Македонија 21 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски кој не е поканет на ифтарската вечера со кандидатот за претседател Бујар Османи, вели дека тоа е нечесен гест на нечесен човек кој слуга. 

„А зошто да ме погоди тоа што Бујар Османи не ме кани на ифтарска вечера? Има чесни и има нечесни луѓе, така што сме одвоени едни од други. Веројатно јас и противкандидатката Билјана Ванковска спаѓаме во чесните луѓе. А што може да се очекува од Османи, освен да продолжи да слугува. Тој и неговите другари имаа шанса од оваа држава да направат убавина. Вели ќе води европска политика, а кој му бранеше и досега да направат европска Македонија? Никој во државата, ниту Македонци, ниту Албанци немаат чувство дека правеле европска Македонија. Нели водеа војна, гинеа луѓе, бараа да седнат во институциите, се договоривме, влегоа. Очекувавме нивното учество во власта да ги направи институциите поефикасни, но не се случи тоа“, одговори Јакимовски во интервјуто за Канал 5. 

Поврзувајќи го ставот на Османи со ставањето на „црната листа“ на САД, Јакимовски рече кога тој би бил преседател најостро би се спротивставил друга држава да прави свои листи на неподобни луѓе. 

Кандидатот за претседател номиниран од ДУИ, Бујар Османи ги покани на заеднички ифтар преостанатите претседателски кандидати, освен Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски.

Ванковска посакува убава вечера во време кога децата во Палестина умираат од глад. 

Можеби ќе ве интересира

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“