Добивај вести на Viber
Кандидатот за претседател номиниран од ДУИ, Бујар Османи,ги покани на заеднички ифтар преостанатите претседателски кандидати, освен Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски.
„На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател“,напиша министерот за надворешни работи.
Јакимовски неодамна беше ставен на „црната листа“ на САД, додека Ванковска е кандидат со поддршка од Левицаљ,партија за која ДУи смета дека е антиевропска.