13 Мај, 2024
0.0267

ВАНКОВСКА ДО ОСМАНИ: Да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно

Објавено во: Македонија 21 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска на Фејсбук реагира на објавата на противкандидатот од ДУИ, Бујар Османи кој информира дека ги поканил на ифтар вечера претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари и Максим Димитриевски. 

Вели дека таа не се кандидира за европски, туку за македонски претседател. Ванковска посакува убава вечера во време кога децата во Палестина умираат од глад. 

„Прво, Османи очигледно прави свои ‘црни листи’ на подобни и неподобни. За Јакимовски му е јасна поентата (се наоѓа на американска листа), но за мене можеби знае нешто што јас не го знам… Второ, разговор за избор на ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ не ме интересира бидејќи јас се кадидирам за МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Мојата легитимација ќе ја барам од мојот народ и од никој друг (па таман да е и ЕУ). Трето, да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно. Јас оваа година мислите ги упатувам кон Палестина и тешко ми е да прифатам пости и ифтари, во време на геноцид. Нека им е на здравје вечерата на тие што ќе ја прифатат. Јас не припаѓам во тоа друштво“, вели Ванковска.

Османи рече дека треба да се договораат за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател. 

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката