29 Април, 2024
0.0308

СТАРОНОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Киел ќе гради нова фабрика во тетовската зона, ама не смее да го затвори објектот во Желино

Објавено во: Економија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Со особена задоволство и радост беше најавено отворањето на новата фабрика за производство за седишта на возови во технолошко индустриската зона во Тетово. Министерот за економија Крешник Бектеши напиша дека фабриката е во вредност од 3,5 милиони евра и дека ќе биде за производство на седишта за возови. Тој најави и дека во фабриката ќе бидат отворени нови 300 работни места. Станува збор за стар странски инвеститор кој веќе работи во земјава. Киел Македонија има свој објект во Желино и впрочем новата инвестиција е проширување на дејноста. Иако имаше шпекулации дека компанијата се префрла во зоната надлежните тврдат дека ова е нова инвестиција. 

Законски компаниите кои функционираат надвор од зоните немаат право да се префрлаат во одреден период од работата во зона каде би имале и државна помош и даночни олеснувања. Според член 9 од Законот за Технолошки индустриски зони 

Корисникот на зоната кој спроведува продуктивни инвестициски вложувања остварува даночни ослободувања и олеснувања, само ако врши нова дејност, а не ја пренесува дејноста од друго подрачје на државаа во зоната.

Од Министерството за економија за Фактор велат дека со отварањето на новата фирма нема да се префрла дејноста на фирмата од локацијата во село Желино во ТИРЗ Тетово. 

„Законот не го дозволува тоа, односно Законот вели дека доколку се случи такво нешто, инвеститорот ќе биде изземен од можноста за ослободување од плаќање даноци. Фирмата во село Желино ќе продолжи да работи и да го произведува тоа што го произведува и сега, стои во одговорот од Министерството за економија. 

Според најавите фирмата Киел во ТИРЗ Тетово согласно договорот ќе произведува композити и композитни материјали односно седишта за возови. Во фабриката во Желино пак се произведуваат седишта за автобуси.

И од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони за Фактор велат дека дале мислење според кое Киел нема да може едноставно да се префрли во зона. Оваа компанија треба да го задржи работењето во објектот во Желино кој не е во зона и да ги задржи и истиот број на вработени таму. Инаку зоната во овој град не е под управување на Дирекцијата.

Сличен случај имаше кога домашната фирма Хај тек отвори нов објект во скопската слободна зона. Сепак тоа не беше префрлување на фабриката туку комплетно нов објект додека стариот во скопско Орешани продолжи да постои.  

Киел Македонија е дел од меѓународната Кил групација, водечки производител на иновативни транзитни патнички седишта за комерцијални возила и јавен превоз, вклучувајќи решенија за седење за автобуси, тренери и возови на локално, регионално и меѓуградско ниво. Кил работи глобално со производствени погони во САД, Германија, Полска, Холандија и во Турција.

Компанијата Franz Kiel е основана во 1947 година со седиште во германскиот град Нордлинген. Фактор побара одговор и од Киел ама до денеска не добивме никаква информација за нивните планови.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи