29 Април, 2024
0.0273

Стара, а љубовница - бедни навреди и дискриминација кон портпаролката на СДСМ

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Смрдла, љубовница, стара а во љубовна врска - погрдни и навредувачки зборови во статуси кои се однесуваат на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска беа објавени на социјалната мрежа фејсбук.

Во објави кои навредуваат по многу основи уште еднаш за жал се огледа реалноста - луѓе зад лажни профили шират омраза на социјалните мрежи не внимавајќи за ниту една вредност, најмалку за повредата на личноста, на семејството, децата.

Откако ги објави статусите јавно синоќа, денеска бран на поддршка од колеги , јавни личности, новинари стасаа на профилот на портпаролката. 

На една од сликите кои ги објавил „сеачот“ на омраза е и едно од двете деца на Кузеска.


„Еден од многуте примери на тоа што може да ѝ се случи на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата: навреди за неа и нејзините блиски, ејџизам, клевети, коментари за нејзиниот љубовен живот и закани во приватни пораки. Сигурни сме дека она што го проживува Богданка Кузеска во моментов е само почеток на родово базираниот говор на омраза кој ќе го посведочиме во предизборниот и изборниот период. Фактот што една жена има јавна функција, на никој начин не е изговор за нејзиниот приватен живот да биде споделуван, коментиран ниту осудуван. Даваме поддршка на Богданка Кузеска и будно ќе го следиме изборниот период. Нула толеранција за родово базиран говор на омраза, напиша на фејсбук денеска Санела Шкриељ, заменик министерката за труд и социјална политика.

На поддршката се заблагодари Кузеска.

Ќе бидам искрена и ќе кажам дека неколкупати помислив дека згрешив што објавив јавно, поради неколку причини, а дел ги спомнавте и вие во коментарите. Но, од друга страна, зошто би дозволиле молчеливо да се шири омраза? Веруваме дека така ќе престанат, а со нив и омразата?

Лично, секогаш сум гласен противник на вакви напади и сум била и секогаш ќе стојам во одбрана на личноста која е избрана мета, без разлика дали е жена, маж, без разлика на политичката определба, сексуална определба, националност, вера... а која во вакви ситуации ја нарекуваме "жртва".

Но, не, не сум јас жртвата. Вистинската жртва е тој што живее со омраза, гнев и желба да напакости. Тие се најголемите жртви, затворени во својот свет на злоба во кој сакаат да повлечат и други, напиша Кузеска.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце