18 Мај, 2024
0.0337

Србија воведува нови строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Србија воведе нови строги мерки. 

Полицијата и инспекцијата ќе контролираат дали мерките се почитуваат, а целта е да се намалат социјалните контакти. 

Бројот на новозаболени и бројот на хоспитализирани пациенти речиси се изедначени и властите мораа да реагираат.

Денес има 7.802 новозаразени и 7.726 пациенти во болница, од кои 288 на апарати за дишење. Во последните 24 часа починале 61 пациент.

Владата на денешната седница ги усвои последните препораки на Кризниот штаб, кои ќе стапат во сила в петок и подразбираат ново намалување на работното време на угостителските објекти.

Кафулињата, рестораните, баровите, ноќните клубови и сплавовите ќе бидат затворени од петок во 17 часот до понеделник во 5 часот наутро, без исклучок, а работното време од понеделник до петок ќе биде од 5 до 17 часот.

Испораката на храна ќе биде можна 24 часа на ден, а трговските центри, продавниците за облека, обложувачниците, казината, игротеките, ќе бидат затворени од петок во 17 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Фризерските и салоните за убавина, салоните за нега, спортските сали, фитнес-центрите, базените, бањите, балоните за фудбал, кошарка и тенис, како и просториите за кој било друг рекреативен спорт, нема да работат за викендот.

Продавниците за храна, малопродажните објекти и трафиките во кои не се влегува при купување, односно работат со шалтерски принцип, може да бидат отворени за време на викендите, но само до 21 часот.

Покрај аптеките, исклучок за работење се и бензинските пумпи, кои ќе работат постојано, секој ден, без ограничувања.

Рестораните и баровите во рамките на хотелите и приватното сместување може да даваат услуги само и исклучиво на регистрирани и пријавени гости до 21 часот секој ден.

Ординациите и лабораториите што обезбедуваат медицински услуги ќе бидат отворени цел ден, вклучително и за викендите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна при посетата на Ниш, одговарајќи на критиките од стручњаците дека здравствениот систем може во секој момент да крахира, направи споредба на Србија и Македонија и рече дека вкупниот број на починати од Ковид-19 е поголем, а се работи за многу помала земја.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел