Србија има повеќе од 5.300 заразени со коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Март, 2021
Србија според најновите податоци има повеќе од 5.300 заразени со коронавирусот.
Во последните 24 часа починале 30 пациенти како резултат на коронавирус, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 4.840, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs.18.017 лица се тестирани за коронавирус, а регистрирани се 5.346 случаи. На апарати за дишење се приклучени 222 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 5.099 лица. Од почетокот на епидемијата во Србија официјално се потврдени 536.904 случаи на инфекција. Досега во Србија на коронавирус се тестирани вкупно 3.218.400 лица.
Соседна Србија се тркаше пред далеку побогатите и обично подобро организирани земји во Европа, за да им понуди на сите возрасни граѓани не само бесплатни вакцини, туку и избор на пет различни вакцини.foto freepik