02 Мај, 2024
0.0301

Спасовски за писмото од ИВЗ: Сметаме дека заканите се неприфатливи

Објавено во: Македонија 23 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели дека Македонија е секуларна држава и не прифаќаат никакви уцени, говорејќи за ултиматумот од Исламската верска заедница. 

Спасовски вели дека апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите да имаме комуникација на уцени и закани. Тој повика на дијалог и потенцира дека недозволиви се уцени од било кого.

„Сметаме дека заканите се неприфатливи од било кого доаѓаат, во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап, на одговорни луѓе личи добра комуникација. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериозен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого“, изјави Спасовски.

Вицепремиерот Бујар Османи исто така на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Спасовски од граничниот премин „Богородица“ повика на дијалог за случајот со ИВЗ.

ИВЗ вчера ја обвини Владата за бавната постапка за денационализација, како и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попречувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти. Од ИВЗ посочија и дека се особено засегнати од нерешавањето на статусот на повеќе верски објекти. Тие обвинија и дека Владата ја фаворизира МПЦ. 

Можеби ќе ве интересира

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана