СПАСОВСКИ: Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024
Поранешниот министер за внатрешни работи и иден пратеник од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски за Клик Плус изјави дека во јавноста се создала перцепција дека ДУИ добиле многу, односно добиле што барале од СДСМ.
Тој тврди дека имало и прашања за кои не се согласувале. Спасовски кажа дека една од причините за убедливиот изборен пораз на СДСМ на изборите е и однесувањето на коалицискиот партнер.
„Во јавноста перцепцијата е дека сè што ќе побара ДУИ, СДСМ го дава. Ќе видиме дали е со причина наметната таа перцепција или нема причина. За жал, политиката е првично перцепција. Без разлика што ќе видите во одлуките“, рече тој.
Вели дека во Владата и во секоја друга институција треба да има дебата.