Спасовски: Намалувањето на рестриктивните мерки никако не смее да значи опуштање
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Април, 2020 17:35
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес-конференција изјави дека се олабавуваат мерките за движење на граѓаните.
Вели дека досегашните мерки се преземени поради пикот на заразата.
„Со исправена глава можеме да кажеме дека мерките дадоа ефект. Имаме континуирано линерален број на заразени“, рече Спасовски.
Од утре се намалуваат рестрикциите за движење.
„Намалувањето на рестриктивните мерки никако не смее да значи опуштање и неодговорно однесување“, вели премиерот.
На граѓаните им порача при секое одење надвор да носат маски, да не се групираат, да држат дистанца од 2 метри.
„Само 2 метри е потребно за да се заштитите себеси и тие околу вас“, додаде Спасовски.
Нагласи дека многу од заразените немаат симптоми, и се ризик за здравјето на луѓето.
На отворено заштитна опрема не се носи само ако спортувате на отворено, сте на тераса или во двор, појасни Спасовски.
„Забрана за групирање на повеќе од две лица, ова е мерка која е активна подолго време“, рече премиерот.
Тука не се вбројуваат деца под 14 години.
Вели дека сите домашни и странски лица по тестирање одат во самоизолирање додека не добијат резултати од тестот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





