05 Декември, 2025
0.0357

МАСКИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ: Kризниот штаб во Куманово ги снабди приватните здравствени установи со опрема

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Април, 2020 15:39

Добивај вести на Viber

Oпштинскиот штаб за заштита и спасување од Куманово денеска обезбеди и достави 100 пакети со заштитни маски, средства за дезинфекција и заштитна облека, наменети за приватните здравствени установи во Куманово.

Од денес во Куманово, Тетово и Прилеп, е задолжително носењето на заштитни маски, со цел да се спречи ширењето на Ковид 19, вирус кој зема сериозен замав во Куманово. Ваква одлука донесе Владата.

„Има маски, ракавици, мантили за лекарите. Кај нас работата се одвива тековно, доаѓаат пациенти и нема некои посериозни промени во нашето работење откако се појави коронавирусот. Нам маските ни се потребни, и мораме да ги носиме за да ги заштитиме пациентите. Не се знае кој се може да биде заразен. Оваа донација е добра затоа што нема да мораме сами да купуваме опрема. Дневно кај мене во ординација поминуваат по 35 пациенти, но имало и денови кога доаѓале по 60 или дури и 80 пациенти. На градоначалникот му посакуваме брзо оздравување“, вели Фатмир Асани од Здружението на матични лекари Куманово.

Деновиве пред неколку банки од кризниот штаб делеа маски на граѓаните.

Граѓаните прво ќе бидат опоменати, а потоа ќе следат и парични казни, за кои засега не е прецизирано колку ќе изнесуваат.

Освен маска, дозволено е граѓаните да носат марама или шал, кои ќе им ги покриваат носот и устата.

Овие денови во аптеките, масовно се купуваат заштитни маски.

„Најмногу се бараат маски. Граѓаните купуваат маски, по 3,4,5 парчиња, зависно од тоа колку членови се од семејството“, велат од кумановска аптека.

Куманово има над 340 потврдени случаи на Ковид 19.

14 кумановци ја изгубија битката со коронавирусот.

Позитивен на Ковид 19 е и градоначалникот Максим Димитриевски.

С.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија