02 Мај, 2024
0.0372

Спасовски ќе помогне за сместување на семејството кое ги изгуби двете малолетни деца

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски придружен од претставници на институциите, го посети местото, каде што се случи пожар во семејните куќи во Шуто Оризари, во кој загинаа две малолетни деца.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика излеговме веднаш на терен. Ќе обезбедиме сéшто е потребно како првична помош, итно сместување и финансиска помош“, рече премиерот Спасовски. 

Премиерот Спасовски најави дека со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе разговараат за определување финансиски средства заедно со локалната самоуправа за да се помогне подобрување на инфраструктурата во општината.

„Ваквите настани треба да ни бидат поука за во иднина, да направиме сé што е потребно за да не ни се случуваат вакви трагични настани“, додаде премиерот Спасовски, кој изрази сочувство за загинатите деца во пожарот во Шуто Оризари.

Се работи за момче и девојче на возраст од три години и година и пол. Децата биле во куќата во моментот кога покривот се урнал врз нив. 

Жителите на Шуто Оризари денеска се пожалија дека е проблем тоа што немаат противпожарна единица, со помош на која полесно би се справувале во случај на пожар. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање