19 Мај, 2024
0.0285

Сотир Костов и се јавил на Ременски за докторатот што му го препорача на Бучковски

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Сотир Костов и се јавил на Фросина Ременски, поранешната министерка и потпретседател на Собранието за да и го бара нејзиниот докторат, објави самата на фејсбук. Таа завчера му порача на специјалниот претставник на Македонија за Бугарија и нејзин сопартиец во СДСМ Владо БУчковски да го прочита докторатот што го напишала, пред да оди за Софија на преговори. 
„Случајно или не, добив телефонски повик од Сотир Костов кој беше заинтересиран, каде може да ја најде книгата од мојот докторат што му го препорачав на Владо Бучковски и на сите други. Му ја дадов информацијата - 12 години е во Книжарница Матица. Подготвувам второ дополнето издание. До вчера мислев дека, "знае се' и е информиран за се'", ама не било така. Но, добро е, ќе види колку знаел, колку не знаел и колку може да научи, напиша вчера Ременски.
Завчера пак вака му се обрати на Бучковски:
„Ако специјалниот претставник на државата во преговорите со Бугарија, проф. Бучковски не го прочитал мојот докторат објавен во монографија „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби” со добиена државна награда за наука во интерес на државата „Гоце Делчев” за 2008 година, нека не тргнува за Софија на преговори“, напиша Ременски.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична