Соседите ќе примаат и четврта доза од вакцината против ковид?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 19 Ноември, 2021
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ, кој е дел од Кризниот штаб на Србија, најави дека веројатно на пролет би се препорачала и четврта доза вакцина против коронавирусот во земјата.
„Делта плус сојот почнува да дава негативни ефекти во Европа, се зголемува бројот на заразени, па имаме примери во земји каде ситуацијата беше релативно мирна, како Холандија и Данска, да се забележи зголемување на бројот на новозаразени. Германците исто така имаат проблем“, ијзави Тиодоровиќ.
Според него, само со почитување на мерките состојбата ќе се подобри.
Коронавирусот вчера е потврден кај 3.219 лица, а истовремено како последица на овој вирус починале 55 пациенти.
foto freepik