17 Јуни, 2024
0.0273

Сон по кој копнеат емигрантите – да се вратиш во Африка со пари!

Објавено во: Свет 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Додека луѓето ги напуштаат домовите, преземајќи го ризикот да се удават, пловејќи кон Европа, некои го сечат Средоземното море во спротивна насока, пишува Bloomberg.

Ибрахим Сар се враќа назад во Сенегал, откако речиси една деценија продава лажни чанти на Louis Vuitton на јужните брегови на Шпанија, обидувајќи се да го исполни својот сон и да започне свој бизнис.

Наместо направени во Кина производи сепак Сар сега продава ориз и компири на пазар во источните предградија на главниот град Дакар.

"Во Африка син, кој eмигрира, е неостварен сон на семејството. Тие мислат дека тоа ќе стави крај на нивните проблеми", вели Сар додека ги менува програмите на телевизорот. "Потребна е храброст и амбиција, за да се вратиш".

Сар, кој има 40 години, е помалку познатиот лик на приливот на емигранти кои доаѓаат од африканските брегови кон Европа. Во оваа година тие се побројни и преземат уште повеќе ризици, создавајќи ја на крајот кризата што ја зафати целата Европска унија.

Маките на бегалците - повеќе од 2.000 лица загинаа, поминувајќи низ Медитеранот оваа година, ги натераат францускиот премиер Мануел Валс во понеделникот даизјави дека Европа има потреба од фер процедури за да се справи со барателите на азил и треба да им простува на оние дојдени од економски причини.

Од западноафриканците кои пристигнаа со бродови на италијанските брегови оваа година, најмногу доаѓаат од Сенегал, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција (IOM). Миграцијата ја напојува економијата на Сенегал со децении, уште од времето на француската колонијална доминација.

Парите кои ги праќаат дома околу 4 милиони  Сенегалски мигранти, извеле цели семејства до ниво на средна класа - дознаките ја надминуваат помошта или директните странски инвестиции. Официјалните трансфери се зголемија повеќе од двојно од 633 милиони долари пред десет години до 1,4 милијарди долари минатата година, што претставува 12% од бруто домашниот производ (БДП). Реалната сума, вклучувајќи пликови со пари кои се пренесуваат преку познати, најверојатно е два пати поголема, се приближува до 3 милијарди долари, покажуваат податоците на владата.

Во цела суб-сахарска Африка официјалните преводи однадвор достигна 33 милијарди долари минатата година, тврди Светската банка. Овие средства се од витална важност за многу од регионалните економии, вклучувајќи ја Гамбија, Либерија, Сомалија и Нигерија.

Економскиот раст на Сенегал, предвиден за 5,4% оваа година, може да се претвори во причина уште луѓе да заминат, бидејќи современите симболи на богатството на средната класа, како iPhone и таблети Samsung, се шири до најоддалечените делови на земјата.

Во исто време "значителен прилив" на работници се насочува назад до дома по неколку години во Европа, особено кога изгледите им се добри, покажа истражувањето на британската истражувачка програма Migration Between Africa and Europe. Тешките живот во Европа и разделбата со семејството исто враќа назад многу емигранти.

Примателите на парите на емигрантите обично се сопруги и мајки кои купуваат прехранбени производи и плаќаат школарина и медицински записи, тврди Population Reference Bureau. Имигрантите купуваат и земјиште и градат куќи, а освен тоа помагаат за изградба на џамии и болници во своите родни домови, тврди Папе Диоп, началник на агенцијата за сенегалците во странство при Министерството за надворешни работи.

"Преводите се Божји дар за нас, но ние сакаме мигрантите да ги зголемат инвестициите во земјоделството, рибарството и одгледување на добиток, кои генерираат повеќе приходи од изградбата на џамии", вели Диоп. "Охрабруваме и високо квалификувани сенегалци во странство да се вратат и да ја споделат својата експертиза".

Владата има неколку кредитни програми за потенцијално враќање мигранти, а во јуни беше претставена и новата стратегија за подобра употреба на парите и вештините на сенегалците во странство, додава Диоп.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта