11 Мај, 2024
0.0291

Софија Куноска: Ниту оградата околу Влада не е помрдната, а камо ли нешто повеќе

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Немаше да го напишам овој текст ако не почуствував дека сега е моментот да бидеме искрени до крај, ако навистина сакаме да го вратиме општеството на вистинскиот колосек пред портите на ЕУ и НАТО, пишува актерката Софија Куноска на Фејсбук. 

Според неа, ниту оградата околу Влада не е помрдната,  а камо ли нешто повеќе.
Толку од вредностите и заедничката борба, засега, смета таа. 

„Моите омилени колумнисти и новинари се фокусирани на исклучувањата на членови на ВМРО-ДПМНЕ, како одраз на едно неподносливо отсуство на демократски капацитет за поинакво, различно мислење. Исклучувањата во сегашната опозиција се направија со еден единствен состанок на Извршен во еден ден. По тој повод не знам дали смеам да потсетам, а да не бидам анатемисана, дека и СДСМ не е вакцинирана од истата појава, но единствената разлика е што дејствува само малку поелегантно. Но, навистина, малку поелегантно. При десетици живи сведоци, жртви на елиминација, највисокото раководство на СДСМ не се либи да го критикува својот политички конкурент за нетолеранција кон инакумислечките. И ако случајно некој се прашува, тоа е одговорот зошто во првите редови недостигаат многу умни и искусни борци, пред се личности, од редовите на СДСМ. И нека не знам многу за нив, иако знам, но за себе сигурно знам, дека различното мислење во два-три наврати, „скапо” го платив“, пишува таа. 

Додава дека не жали за својата постапка и што е надвор од играта. 

„Моите различни ставови беа свесно изразени и подготвена бев за „цената“ затоа што верував и верувам во прогрес на нашата држава доколку неа ја водат луѓе со интегритет, храброст и верба во вредности. Во спротивно го имаме ова што го имаме. А кога сме кај Скопје 2014 и гласањето на Канческа за отворање на постапката за измена на Уставот, пристојно е сите ние да се запрашаме дали со ова е легализирана најголемата идеолошка пералница на народните пари. Смеам ли јавно да го запрашам премиерот на РМ дали е подготвен бројчаникот на Триумфалната капија да го стартува од минус една милијарда или и тој и неговите лојалисти и понатаму нему што ќе не убедуваат дека гласањето нема да го загрози владеењето на правото и борбата против корупцијата, како европски вредности? Не за друго, туку просто боли тоа Скопје 2014 затоа што заради него прскокнувавме полициски барикади, бев една од нагласните или највокалните, верно ги бранев ставовите на мојата партија, се изложив на многу непријаности од тогашниот режим кој цутеше во својот зенит, вложив многу енергија и во Советот на Град Скопје и во Собранието како пратеник, а денес сведочам на бришењето на задникот со сето тоа од страна на моите сопартијци“, додава Куноска. 

Вели дека со ист аршин да ги мериме работите на двете страни, и за демократски капацитет и за чесност и за принципиелност. 

Можеби ќе ве интересира

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени