03 Мај, 2024
0.0722

Социјалното претприемништво како глобален фактор за економски развој ја зафаќа и Македонија

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Вчера (22.06.2017) во Хотел Парк Скопје беа промовирани и наградени со грант за развој првите 10 социјални претприемачи во Македонија во рамки на проектот „Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации“, кој во земјава се спроведува од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), а е поддржан од Европска Унија со 90% од финансирањето и Градот Скопје. Покрај грантот за отпочнување на социјален бизнис, социјалните претприемачи се вклучија во менторска програма со корпоративниот сектор која ќе им обезбеди долгорочна поддршка и развој. Социјалното претприемништво е новата економска и општествена енергија. Позитивно движење кое ги интегрира невладиниот, владиниот и корпоративниот сектор. Идејата за развојот на социјалното претприемништво е поттикната од повеќе фактори: потребата за инклузија на сите општествени групи – вклучително и ранливите, позиционирање на бизнисите како носители на општествени, а не само економски чинители, диверзификацијата и глобализацијата како незапирливи глобални трендови и секако развојот на иновациите и технологијата. Развојот на социјалното претприемништво веќе гради позитивни практики во повеќе европски земји, а од неодамна преку Смарт Старт хабот на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) интензивно се развива и во Македонија.

,,Потребно е да се делува преку општествено корисни проекти, инклузивно за сите општествени групи особено најранливите. Најодговорни за развојот на социјалното претприемништво се бизнисите кои со воведувањето и интеграцијата на социјалните претприемачи, остваруваат мултипликативна корист. Затоа сме горди на 10-те нови социјални претпријатија,,- порача Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП).

Социјалните претпријатија: Хуманост (Скопје), Лице в лице (Скопје), Виножито (Радовиш), Избор (Струмица), Еко Логик (Скопје), Милениум (Тетово), Центар за одржливи иницијативи (Скопје), Отворете ги прозорците (Скопје), Локална агенција за развој (Струга), Организација на жени на општина Свети Николе (Свети Николе)добиваат грантови кои ќе им помогнат во развивање на нивните бизнис планови. Покрај грантовите, ЦИКП на социјалните претприемачи  им овозможува и менторска поддршка од компаниите етаблираните македонски компании кои токму поради оваа заслуга беа одлукувани како „Добри бреднови“. Во оваа група влегуваат: ОКТА, Стопанска банка а.д. Битола, Стопанска банка а.д. Скопје, Пакомак, ОРКА, Бучен Козјак, Адора Инженеринг, Филип Морис и ЕВН Македонија.

Проектот SmartStart во првата фаза се фокусираше на  трансформација на невладините организации од непрофитни во социјални претпријатија кои ќе одржуваат врски со целните групи, како што се ранливите лица, лица со социјален ризик и лица со хендикеп, а во наредните осумнаесет месеци нивниот развој ќе се поддржи преку менторски програми од „Добрите брендови“ со цел зајакнување на нивните претприемачки вештини.


Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година