Собранието во Косово изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа
Објавено во: Балкан 10 Мај, 2017
Собранието во Косово изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа, на барање на опозицијата.
За соборување на Владата гласаа 78 пратеници, против 34, а воздржани беа 3 пратеници. За паѓање на Владата беа потребни мнозинство од гласовите односно 61 пратеник. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.
Во Парламентот неколку часа имаше расправа, двете владеачки партии меѓусебно се обвинуваа за неред, недостаток на координација и одлучување и коруптивни афери од претходно.
Официјална Приштина сега е во очекување на предвремени парламентарни избори.
Мустафа кажа дека не сака избори во јуни за време на Рамазан.