Собранието ќе има пет потпреседатели, по нивниот избор ќе се гласа Владата на Заев
Објавено во: Македонија 25 Август, 2020
Колку потпретседатели ќе има Собранието и од кои партии ќе бидат тие. Денеска за во 11 часот е закажана собраниска седница на која на дневен ред е утврдувањето на бројот на потпретседатели - предлогот ќе стаса од претседателот Талат Џафери, кој според информациите ќе предложи да има пет потпретседатели. Сепак можно е утре воопшто да не се изберат тие, односно глaсањето за нив да биде на друга седница.
Мандатарот Зоран Заев веќе изјави дека предлогот за новата Влада ќе го достави до Собранието по изборот на потпретседателите со што станува јасно дека гласањето за новата Влада најверојатно ќе биде до крајот на неделава. Според последните информации предлогот ќе биде доставен до среда, а седницата за избор ќе биде во сабота и во недела кога се очекува и гласањето. Од владејачката СДСМ брифираат дека утре оставки ќе поднесат и седумтемина пратеници- кандидати за министри, вклучително и мандатарот Заев по што ќе се констатираат нивните оставки.
Заев има рок да состави Влада и предлогот да го достави во Собрание до 2 септември. Инаку лидерот на ДУИ Али Ахмети тврдеше дека нема да има измени во персоналните ерешенија за министри и покрај тоа што првично се брифираше за незадоволство внатре во ДУИ.
A.T.