Али Ахмети вели дека нема промени кај министрите на ДУИ
Објавено во: Македонија 24 Август, 2020
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, потврди за ТВ21 и за Клан дека нема промени во тимот што ќе ја претставува партијата во новиот владин состав.
И покрај шпекулациите за незадоволство во општинските ограноци Сарај и Чаир, владејачката формација на Демократската унија за интеграција останува онаа што претходно доби зелено светло од партиските органи.
Ахмети вели дека дебатите за формирање на власта се дел од, како што го нарече, функционирањето на внатрешната партиска демократија. Затоа, во новиот управен кабинет, интегративците на крајот ќе ги претставуваат Фатмир Бесими, Бујар Османи, Артан Груби, Насер Нуредини, Крешник Бектеши и Јетон Шаќири.
„Овој тим ужива поддршка од целата наша парламентарна група“, изјавил Ахмети.
Во меѓувреме, тимови на експерти од коалицијата „Можеме“ на СДСМ и од редовите на ДУИ практично ја усогласиле владината програма која се очекува да биде одобрена од Собранието следната недела.