02 Мај, 2024
0.0261

Со средства од Европската унија, почна обновата на патот во општината Конче

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Почна санацијата на патот во општина Конче кој беше оштетен во минатогодишните поплави. Во најлоша состојба е делот што ги поврзува селата Долно Липовиќ, Горно Липовиќ и Ракитец со општината, кој е под постојан удар на надојдената вода предизвикана од поројните дождови.

konce2

Патот се санира целосно со средства од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

„Поплавите минатата година беа страшни. Секојдневното поминување по патот, особено во месеците кои изобилуваат со дождови претставува проблем и голема опасност“, вели градоначалникот Благој Јованов. „Задоволни сме што почна реконструкцијата и се надеваме ќе заврши во предвидениот рок. Овој дел од патот не е реконструиран речиси половина век. Направен е во 80-тите години од 20-от век и досега, речиси 50 години, немало никаква интервенција за негово проширување или посериозна санација“.

konce3.jog

По овој пат се одвива целиот приватен и деловен живот на жителите. Учениците патуваат на училиште, вработените на работа, земјоделците кон своите ниви, а болните во болница.

„Јас превезувам деца во училиште. Секојдневно патуваат 40 тина деца од селата

konce4 д.Липовиќ, г. Липовоиќ и Ракитец до основното училиште во Конче,  а 27 ученици патуваат до средното училиште во Радовиш. Откако ќе се реконструира патот, овие деца ќе можат безбедно, без проблеми да патуваат на училиште“, вели Зоран Јованов, превозник од село Лубница, општина Конче.

konce223

Обновата на патот во должина од 6,5 километри треба да заврши за пет месеци, а санацијата ќе чини 188.000 евра. Проектот за реконструкција на патиштата во Конче е еден од осумте проекти финансирани со средства од ЕУ во рамки на Програмата за санација на штетите од поплавите во 2015 година. Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и комуникации, Јавното претпријатие за државни патишта и лолалните власти.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година