17 Мај, 2024
0.0298

Со Самак, Јован Донев, Ласкова: Со кои функционери се поврзани фирмите кои добија државни пари

Објавено во: Економија 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со Веле Самак, Јован Донев, Цветанка Ласкова и со Асаф Адеми се поврзани четирите фирми кои до Фондот за иновации и технолошки развој доставиле изјави дека на некаков начин се поврзани со носители на јавни функции. Ваква обврска имаа сите 77 компании кои добија пари од Фондот, но само четири потврдиле дека во сопственичката структура имаат поврзаност со актуелни или поранешни функционери. 

Од Фондот информираат дека по истекот на рокот од 15 дена, четири компании поднеле изјави или дополнение на изјавата, со која ја декларираат сопственичката структура во која има носител на јавна функција. Станува збор за „Микросам Прилеп АД“ а поврзаноста е со Веле Самак, акционер, министер без ресор, задолжен за странски инвестиции во Владата на Македонија, кој функцијата ја извршувал заклучно со 30.05.2017 година. Втората фирма е „Контура ДОО Скопје“ каде Елена Донева, сопственик, чиј член на потесно семејство е Јован Донев поранешен амбасадор во МНР на Република Македонија, а функцијата ја извршувал заклучно со 28.02.2017 година.

Третата фирма е „Т-Сенс консалтинг ДОО Скопје“ а Мерита Адеми, која е малцински содружник, а член на потесно семејство на Асаф Адеми, министер за култура во Владата на Република Македонија од 01.06.2018 година. Од страна на компанијата до Фондот било доставено и известување за извршена промена на сопственичката структура односно бришење на лицето Мерита Адеми од истата. Исто така како дополнение на изјавата, во посебен документ, лицето Христина Керкез, еден од сопственици на „Декодикс ДОО експорт – импорт“ Скопје декларирала поврзаност, како член на потесно семејство на Цветанка Ласкова, посебен советник во Канцеларијата на Претседател на Владата на Република Македонија, иако посочената советничка не е носител на јавна функција.

Инвестициските проекти на овие четири компании ќе бидат повторно доставени на разгледување до Комитетот за одобрување на инвестиции, според критериумите за селекција и согласно правилниците на повикот. За останатите компании од првиот инвестициски бран што доставиле изјава во која нема носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура продолжува постапката за склучување на договори за реализација на инвестициските проекти, велат од Фондот.

Додаваат дека исплатата на средства, согласно процедурите на Фондот, ќе се реализира квартално. Првата рата ќе се исплати веднаш по потпишување на договорите и достава на доказ од страна на компаниите дека е уплатен нивниот финансиски удел. Остатокот од средствата ќе се исплаќа по доставен квартален извештај од компаниите за наменско искористување на средствата и реализирана контрола од страна на Фондот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА