Со пумпи се црпи надојдената вода, поплавени се објекти во Кавадарци
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2021
Поплави има во Кавадарци. Поради обилниот дожд кој попладнево го зафати градот, поплавени се неколку објекти во градот, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна екипа и Јавното претпријатие ,,Комуналец”.
Нивни екипи се на терен и со пумпи се црпи надојдената вода. Претходно, имаше најави за можно невреме во Македонија.
фото МИА