17 Мај, 2024
0.0283

Со паралелниот увоз во здравството до поевтини лекови – или до повеќе фалсификати?

Објавено во: Мои пари 20 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Новите измени во законот за лекови и медицински помагала како и инструментот паралелен увоз на лекови треба да ја зголемат конкуренцијата и да обезбедат поевтини лекови. Измени има и во делот на документите што треба да се достават за добивање одобренија, за првпат ќе се воведе паралелен увоз и кај медицинските помагала каде што клучен ќе биде сертификатот за сообразност за гарантиран квалитет на помагалото. „Со законските одредби за паралелниот увоз на лекови сакаме сериозно да ја олесниме процедурата за паралелен увоз, без притоа да влијаеме негативно на позитивната поставеност на системот досега. Во групата на држави од коишто може да се врши паралелен увоз се додаваат и Русија и Турција“, рече Тодоров на јавната расправа. Според Драган Конески, претседател на Асоцијацијата на увозници на иновативни фармацевтски компании, може да се појават повеќе проблеми при паралелниот увоз. „Со паралелниот увоз може да се јави проблем со фалсификати на фармацевтскиот пазар, што директно би довело до ситуација граѓаните да се изложат на ризик по нивното здравје. До јуни 2013 во ЕУ Интерпол има заплането 11 милиони лекови, а два милиони во Турција“, смета Конески. За Тодоров пак паралелниот увоз е добивка и внесување здрава конкуренција. „Како резултат на ова очекуваме да се намалат определени цени, да се намалат трошоците и да се ослободат пари коишто ќе може да се релоцираат за други продуктивни трошења“, истакна министерот.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени